Достапни линкови

logo-print

„Северна Македонија“ не е основа за компромис, смета Милошоски


Ние сакаме да најдеме начин компромисно да го надминеме спорот за името. Гледаме дека официјална Атина има еден грчки предлог „Република Севрена Македонија“, но цениме дека тој е едностран за да може да претставува основа за компромис. Треба да најдеме начин за поголема флексибилност, која би можела да му помогне на целиот процес, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Антониот Милошоски. Тој ја оцени како полезна последната средба на премиерите на Македонија и на Грција Никола Груевски и Јоргос Папандреу во Мадрид, без да прецизира дали има некаков напредок во процесот за решавање на името.
XS
SM
MD
LG