Достапни линкови

logo-print

Нов обид за продажба на македонските компании - загубари


Државата денеска објави тендер за продажба на државните акции во ЕМО Охрид, Тутунски комбинат Прилеп и Еврокомпозит. Министерот за економија Фатмир Бесими денеска во Тетово изјави дека очекува дека наскоро ќе се најдат купувачи за тројцата загубари. Ангажиравме консултанти за дизајнирање на модел кој би бил атрактивен за инвеститорите. Тоа денеска е објавено во Службен весник и во дневните весници, а утре ќе биде објавено и во Фајненшл Тајмс каде ќе се промовираат за продажба државните акции во трите компании, рече Бесими.
XS
SM
MD
LG