Достапни линкови

Москва се надева на консензус за санкциите за Иран


Официјална Москва изрази надеж дека ќе биде возможно да се постигне консензус за новите санкции на Обединетите нации против Иран поради нуклеарната програма на исламската република. Рускиот министер за надворешни работи Сергеи Лавров дополнително апелираше до иранските власти под итно да ги испратат деталите за размената на ураниум со Турција до Обединетите нации. РУските забелешки следат откако Вашингтон испрати барање до Безбедносниот совет за нови санкции против исламската република, не земајки го предвид иранско – турскиот договор за размена на збогатен ураниум.
XS
SM
MD
LG