Достапни линкови

logo-print

Нов протест на кумановските стечајци


Стечајните работници од здружението „УНИТ“ од Куманово денеска повторно го блокираа излезот на Скопје кај бензиската пумпа на „Макпетрол“ во населбата Автокоманда. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Претседателката на здружението Лилјана Георгиевска изјави дека собирот уредно го пријавиле во полиција, но оти се оставени сами на себе да се расправаат со нервозните возачи. Таа не прецизираше до кога ќе трае протестот.
XS
SM
MD
LG