Достапни линкови

Обвиненија против шефот на рускиот рудник во кој загинаа шеесетмина


Шефот на рускиот рудник во кој загинаа 66 рудари денеска беше обвинет за непочитување на безбедносните стандарди. Доколку судот го прогласи за виновен, Игор Волков може да добие до седум години затвор. Тој оваа недела си поднесе оставка од функцијата директор на рудникот во западниот дел на Сибир. По двете експлозии на метан, дваесет и четворица рудари се водат како исчезнати и се претпоставува дека се мртви.
XS
SM
MD
LG