Достапни линкови

Меѓу-етнички тензии во Киргистан


Илјадници луѓе протестираат во јужен Киргистан, откако вчера дојде до судири меѓу киргистанците и етничките узбекистанци, во кои загинаа две лица а неколку беа повредени. Привремената влада прогласи вонредна состојба и ги обвини приврзаниците на протераниот претседател Курманбек Бакиев за разгорување на меѓу-етнички тензии. Инаку, вчера Роза Отунбаева е наименувана за привремен претседател до 31-ви декември 2011-та, а претседателските избори се презакажани за октомври 2011-та. Привремената влада се очекува денеска да го презентира и нацртот на новиот устав на Киргистан.
XS
SM
MD
LG