Достапни линкови

Средба Милошоски - Чавушоглу во Скопје


Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски денеска во скопје се сретна со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Мевлут Чавушоглу. На средбата, одржана во рамките на посетата на претставници на Парламентарното собрание на Советот на Европа на Македонија, Милошоски уште еднаш ги презентирал приоритетите македонското 6-месечно претседавање со Комитетот на министри на СЕ. Чавушоглу денеска и утре во Скопје ќе има средби со повеќемина македонски официјални претставници.
XS
SM
MD
LG