Достапни линкови

Престрелка, убиство и грабеж во Скопје


Во приватна фирма во кругот на скопската општина Кисела Вода, изутрината дошло до престрелка во која се повредени три лица. Полицијата врши увид и ги испитува мотивите за инцидентот. Во населба Бутел, пак изутрината со огнено оружје е убиено едно лице, а убиецот засега е непознат. Изутрината во центарот на Скопје е ограбена и штедилница од која биле украдени околу 200 илјади денари. Полицијата трага по сторителите.
XS
SM
MD
LG