Достапни линкови

Раст на еврото


Еврото порасна во однос на американскиот долар. На вчерашното тргување на њујоршката берза, еврото се менуваше за 1,24 долари, што е за два проценти повеќе отколку во вторникот, кога еврото ја достигна најниската цена во изминативе четири години.
До раст на еврото доаѓа откако германските власти забранија некои шпекулативни акции и обврзници, а имаше и најави за нови акции за зајакнување на еврото од европските монетарни власти.
Германската канцеларка Ангела Меркел повика на големи реформи на европските фискални правила, предупредувајќи дека колапсот на еврото може да има „непредвидливи последици“ за Европската унија.
XS
SM
MD
LG