Достапни линкови

Обама-Ердоган за нуклеарната програма на Иран


Американскиот претседател Барак Обама телефонски разговарал со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за иранската нуклеарна програма.
Обама му рекол на Ердоган дека САД ќе продолжат да инсистираат на нови санкции од ОН кон Иран и покрај тоа што неделава, иранските власти склучија договор со Турција и Бразил, според кој Иран ќе испраќа дел од збогатениот ураниум во Турција во замена за нуклеарно гориво.
Според соопштението од Белата куќа, Обама оценил дека одлуката на Иран да продолжи да збогатува ураниум на повисоко ниво не оди во насока на градење доверба.
Американските власти, во вторникот пред Советот за безбедност на ОН презентираа нацрт-резолуција за нови санкции кон Иран, поради тоа што исламската република не сака да престане да збогатува ураниум. Американски функционери велат дека нацрт-резолуцијата била прифатена од сите пет постојани членки на Советот – Велика Британија, Франција, САД, Русија и Кина.
XS
SM
MD
LG