Достапни линкови

logo-print

Прогласена вонредна состојба во југот на Киргистан


Привремената влада во Киргистан денеска прогласи вонредна состојба во југот на земјата по немирите во градот Јалал Абад во кои загинаа двајца а педесетмина се повредени. Во соопштението од Владата, потпишано од лидерката Роза Отумбаева, од денеска до први јуни во градовите во југот на Киргистан се воведува полициски час од 20 часот навечер до 6 часот наутро. Инаку, во Јалал Абад минатата недела се судриа подржувачите на поранешниот претседател Курманбек Бакиев и приврзаниците на привремената влада во Киргистан.
XS
SM
MD
LG