Достапни линкови

Двајца загинати во Киргистан


Бројот на загинати во денешниот инцидент во градот Јалал Абад во Киргистан се искачи на две лица а педесетмина се повредени, соопштија од киргистанското министерство за здравство. Повеќе од 5.000 жители на Киргистан денеска се обидоа да влезат во универзитет во градод Јалал Абад, кој е финансиран од узбекистански организации. Полицијата пукала во воздух за да ги растера насобраните. Во Јалал Абад минатата недела се судриа подржувачите на поранешниот претседател Курманбек Бакиев и приврзаниците на привремената влада во Киргистан.
XS
SM
MD
LG