Достапни линкови

Директорката на Заводот за рехабилитација е во животна опасност


Директорката на Заводот за рехабилитација во скопската населба Козле Љиљана Угриновска, која денеска беше избодена со нож од нејзиниот колега лекар М.Л., е тешко повредена и се наоѓа во животна опасност, јавија новинските агенции. Таа е на Клиниката за торакална хирургија и врз неа се врши хируршки зафат. Според информации од Клиничкиот центар во Скопје, Угриновска била донесена во многу тешка состојба со повеќе повреди во пределот на градите. Докторот што ја нападна е приведен, а полицијата работи на утврдување на мотивот.
XS
SM
MD
LG