Достапни линкови

Дневниците на Младиќ испратени во Хаг


Српските власти денеска на обвинителите во Хашкиот Трибунал им ги испратиле дневниците на Ратко Младиќ. Од Трибуналот планираат да ги користат записите како доказен материјал во случајот против екс-командантот на босаннските срби, кој се товари за воени злосторства. Во тетратките има записи напишани со ракописот на Младиќ од 1991 година до 1996 година. Полицијата пред една година ги конфискуваше дневниците од станот на Младиќ во Белград во кој живее неговата сопруга Босиљка. За сега не се знае што е запишано во тетратките.
XS
SM
MD
LG