Достапни линкови

Протест во Букурешт поради анти-владините мерки за штедење


Илјадници Романци денеска протестираат во Букурешт против мерките за ограничување на буџетскиот дефицит што ги најави романската Влада. Меѓу демонстрантите, дојдени од сите страни на земјата, има лекари, професори, вработени во затворите, полицијата и државни службеници.
Владата има за цел да го намали буџетскиот дефицит до 6,8 проценти оваа година, за да добие нова рата од помошта од 20 милијарди евра, обезбедени минатата година од ММФ, ЕУ и Светската банка. Ограничувањето на буџетските трошоци предвидува и намалување на платите на државните службеници за 25 проценти и намалување за 15 проценти на сите социјални исплати, вклучувајќи ги и пензиите и помошта за невработени.
XS
SM
MD
LG