Достапни линкови

Во Банкок продолжуваат немирите - 4 мртви и 50 тина ранети


Четворица лидери на анти владините демонстранти и се предале на полицијата откако тајландските трупи со борбени возила денеска ги пробија барикадите во подрачјето окупирано од анти демонстранти во центарот на Банкок. При тоа, најмалку 4 лица, меѓу кои италијански фотограф, загинале, а околу 50 тина биле ранети. Армијата тврди дека ситуацијата е под контрола но новинските агенции јавуваат дека во другите делови на градот продолжуваат немирите при што неколку згради, меѓу кои и владиниот објект, биле запалени. Демонстрантите бараат нови избори, бидејки, според нив, владата нема легитимитет. Протестите почнаа минатиот месец и досега околу 40 лица загинаа, а стотици се повредени. Според владата, разговори се можни само ако демонстрантите се повлечат од улиците.
XS
SM
MD
LG