Достапни линкови

logo-print

Киргистанците бараат апсење на узбечкиот лидер во Џалалабад


Неколку илјади етнички киргистанци денеска се упатија кон центарот на јужниот град Џалал-Абад барајќи апсење на локалниот узбечкиот лидер. Два дена Џалалабад беше поприште на жестоки судири меѓу поддржувачите на соборениот киргистански лидер Курманбек Бакиев и поддржувачите на привремената влада. Најмалку две лица загинаа, а десетици беа повредени во немирите. Етничките киргистанци го обвинија лидерот на узбечкото малцинство Кадзрхан Батсров за потпалување на меѓуетничките тензии поради повикот за создавање автономна узбечка област во јужниот дел на Киргистан. Батсров поддржаа привремената влада во последните превирања, а Џалал-Абад е упориште соборениот Претседател Бакиев.
XS
SM
MD
LG