Достапни линкови

Во Хаг почна седницата за Тарчуловски и Бошковски


Во Хашкиот трибунал почна седницата на жалбениот судски совет на која треба да бидат соопштени одлуките по жалбите на одбраната на Јохан Тарчуловски за 12-годишната затворска казна и на обвинителството за ослободителната пресуда за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски за случајот „Љуботен“. Пресудите по жалбите ќе бидат конечни. Одбраната на Тарчуловски на последната јавна седница во Хашкиот трибунал побара тој да биде ослободен од сите обвиненија, бидејќи не е одговорен за полициската акција во Љуботен во 2001, зашто таа била легитимна и според меѓународното право не може да се смета за воено злосторство. Обвинителството, пак, остана на тврдењето дека акцијата во Љуботен била нелегитимна и преземена како одмазда за претходното убиството на десет припадници на безбедносите сили. Судскиот совет на 12 јули 2008 го ослободи Бошкоски од обвиненијата за извршените злосторства во скопското село Љуботен, а Тарчуловски го осуди на казна затвор од 12 години.
XS
SM
MD
LG