Достапни линкови

Тајландските трупи ги пробија барикадите на демонстрантите во Банкок


Тајландските трупи со борбени возила денеска ги пробија барикадите во подрачјето окупирано од анти владините демонстранти во центарот на Банкок. При тоа, најмалку 4 лица загинале, а околу 50 тина биле ранети. Демонстрантите бараат нови избори, бидејки, според нив, владата нема легитимитет. Протестите почнаа минатиот месец и досега околу 40 лица загинаа, а стотици се повредени. Според владата, разговори се можни само ако демонстрантите се повлечат од улиците.
XS
SM
MD
LG