Достапни линкови

logo-print

Лавров и Клинтон побараа од Думата и Сенатот ратификација на СТАРТ


Шефовите на дипломатиите на Русија и САД Сергеј Лавров и Хилари Клинтон побарале од своите земји да ја забрзаат ратификацијата на договорот СТАРТ ЗА контрола на оружјето. Лавров и Клинтон зборувале по телефон и изразиле желбата да заврши процесот на ратификација што е можно поскоро. Претседателите Барак Обама и Дмитриј Медведев потпишаа договор за намалување на оружјето во Прага, Чешка Република, во април годинава како замена договорот од 1991 за редукција на стратегиското оружје. Договорот треба да биде ратификуван од страна на Сенатот на САД и Руската Дума.
XS
SM
MD
LG