Достапни линкови

logo-print

Еврото падна под 1,22 во однос на доларот


Еврото доживеа нов 4 годишен минимум во однос на американскиот долар. Причина за тоа е постојната загриженост во врска со должничката криза во евро-зоната. Еврото вчера падна под 1,22 , што е најниско ниво од април 2006 година во Њујорк. Падот дојде како германските власти воведоа забрана за некои спекулативни практики за тргување во обид да се справи со нестабилноста воеврозоната. Аналитичарите изјавија дека овој потег на германските регулатори покрена нова загриженост за одговорот на европската политика на актуелната криза. Цената на нафтата, пак, во Њујорк падна на најниско ниво во изминативе за седум месеци на 69,41 $ за барел.
XS
SM
MD
LG