Достапни линкови

logo-print

Конечни пресуди за Тарчуловски и за Бошкоски


Хашкиот трибунал денеска треба да ја соопшти пресудата по жалбата на Јохан Тарчуловски за 12-годишната затворска казна за случајот „Љуботен“ од 2001 година. Пресудата по жалбата ќе биде конечна. Одбраната на Тарчуловски на последната јавна седница во Хашкиот трибунал образложувајќи ја поднесената жалба, побара тој да биде ослободен од сите обвиненија, бидејќи не е одговорен за полициската акција во Љуботен, зашто таа била легитимна и според меѓународното право не може да се смета за воено злосторство. Обвинителството, пак, остана на тврдењето дека акцијата во Љуботен била нелегитимна и преземена како одмазда за претходното убиство на десет припадници на безбедносните сили. Трибуналот денеска треба да се изјасни и по жалбата на Обвинителството во однос на ослободителната пресуда за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски за случајот „Љуботен“.
XS
SM
MD
LG