Достапни линкови

Коњановски во Брисел ќе го презентира патот на Македонија кон НАТО


Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Коњановски ја продолжува посетата на Седиштето на НАТО во Брисел. Денеска Коњановски ќе одржи презентација на тема „ Република Македонија на патот кон членство во НАТО и нејзиниот придонес кон глобалната безбедност, мир и стабилност“ пред амбасадори на Алијансата, високи претставници на НАТО меѓународниот штаб и претставници од Мисиите на земјите членки на Партнерството за мир.
XS
SM
MD
LG