Достапни линкови

Косово добило покана за јунската конференција во Сараево


Потпретседателот на косовската влада Хајредин Кучи изјави дека во Приштина пристигнала официјална покана за учество на регионалниот собир „ЕУ- Западен Балкан“ закажан за 2 јуни во Сараево и оти Косово на конференцијата ќе биде претставено „рамноправно со другите учесници“. На прашањето дали со косовскиот ќе биде и преставник на УНМИК, Кучи одговори дека Косово ќе има самостоен претставник, затоа што никој не може да ги претставува институциите на Република Косово. Во меѓувреме, портпаролот на Унмик Расел Геки изјави дека очекува шефот на цивилната мисија Ламберто Заниер да добие официјална покана за средбата во Сараево. Србија смета дека приштинските власти треба да бидат застапени во присуство на УНМИК, во согласност со Резолуцијата 1244 на ОН, а Косово инсистира да биде претставено како независна држава и на исто ниво како и другите земји од регионот.
XS
SM
MD
LG