Достапни линкови

logo-print

Ван Ромпуј: и покрај падот, еврото има здрава основа


Претседателот на Европската Унија Херман ван Ромпуј изјави дека основата на еврото е здрава и сигурна, независно од дневното движење на курсот на валутата. По самитот ЕУ- Латинска Америка во Мадрид, Ван Ромпуј истакна дека еврото во 11-те години постоење довело до стабилност на цените и до урамнотежување на платниот биланс. Вредноста на еврото во однос на доларот деновиве достигна најниска вредност во последните 4 години, поради загриженоста на пазарот со пари дека земјите од еврозоната нема да можат да ги отплаќаат долговите.
XS
SM
MD
LG