Достапни линкови

Претставена резолуцијата за нови санкции против Иран


САД синоќа во ОН во Њујорк ја претставија резолуцијата со која ќе бидат воведени нови, поостри санкции спрема Иран, поради неговото одбивање да ја запре својата нуклеарна програма. Резолуцијата е поддржана од сите пет членки на Советот за безбедност кои имаат право на вето. Амбасадорката на САД во ОН Сјузан Рајс изјави дека со резолуцијата ќе бидат заострени постојните санкции, проследени со нови мерки со кои ќе биде интензивиран притисокот врз иранската влада.
XS
SM
MD
LG