Достапни линкови

Спасени шестмина ирански морнари од Мексиканскиот Залив


Американската морнарица денеска соопшти дека спасила шестмина иранци кои биле заглавени во водите на Мексиканскиот Залив. Еден од бродовите на петтата флота на американската морнарица го пронашол бродот на шестмината ирански морнари откако добил повик за помош, се вели во соопштението од американската државна институција. Моторот на иранскиот брод бил прегорен, поради што екипажот бил заглавен во водите на заливот четири дена пред морнарите да бидат спасени.
XS
SM
MD
LG