Достапни линкови

Додик со критики за британскиот министер за надворешни


Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик денеска упати критика кон новиот британски министер за надворешни работи, Вилијам Хејг, нарекувајќи го „хулиган“. Изјавата на Додиќ уследи по интервјуто на Хејг за „Ворлд викли“, во кој тој ја советува Европа да и „се закани“ на Босна и Херцеговина и да наложи санкции против политичарите кои ја поткопуваат државата. Кон крајот на 2009 година Додик категорично ги отфрли предложените реформи од страна на Европската унија за ограничување на власта на етничките составни делови во БиХ.
XS
SM
MD
LG