Достапни линкови

Клинтон најави нова предлог резолуција за Иран


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека светските сили постигнале согласност за, како што рече, силна предлог резолуција за Иран која ќе биде дистрибуирана денеска. Изјавата на Клинтон следи еден ден по потпишувањето на договор меѓу Иран и Турција за размена на збогатен ураниум. Со новиот договор Иран се обврзува да пренесе 1.200 килограми на ниско збогатен ураниум во Турција во рок од еден месец. Во замена, за тоа во рок од една година добива 120 килограми на високо збогатен ураниум што ќе се употребува за производство на медицински изотопи.
XS
SM
MD
LG