Достапни линкови

Европска помош за сиромашните за борба против глобалното затоплување


Министрите за финансии на земјите членки на Европската унија денеска ја потврдија подготвеноста за испраќање на 9 милијарди американски долари до земјите во развој со цел борба против климатските промени. Предвидено е финансискиот пакет да се испраќа во следниве три години. На светскиот самит во Копенхаген во декември 2009 година, европските лидери се согласија да одвојат по 2,4 милијарди евра годишно за да им помогнат на сиромашните земји да се справат со глобалното затоплување. Агенцијата „ЕУ Обзервер“, повикувајки се на извештај на Унијата, јави дека „значаен дел од сретствата допрева треба да се обезбедат“.
XS
SM
MD
LG