Достапни линкови

logo-print

Груевски ни поголем ни помал оптимист по средбата со Папандреу


Не би можел да кажам дека сум поголем, ниту помал оптимист отколку претходно, зашто проблемот е долгорочен и долго време го очекуваме неговото финале. Останувам со исчекување да дојде до решение на проблемот за името, изјави за медиумите премиерот Никола Груевски, информирајќи за неговата средба со грчкиот премиер Јоргос Папандреу на маргините на самитот на ЕУ и Латинска Америка што се одржува во Мадрид. Неформалната средба, јави известувачот на МИА, траела 15-20 минути за време на синоќешната вечера во кралската палата. Се надевам дека зборовите ќе бидат преточени во дела, зашто едно е да се зборува, а друго е тоа да се изработи, рече денеска Груевски.
XS
SM
MD
LG