Достапни линкови

Шестмина војници на НАТО загинаа во Авганистан


Шестмина војници на НАТО, од кои петмина американци се меѓу осумнаесетмината загинати во експлозија на автомобил бомба во Кабул. Авганистанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека дванаесетмина од загинатите биле цивили а 47 лица биле повредени во експлозијата. Бомбашот ја детонирал експлозивната направа во моментот кога конвој на Алијансата поминувал покрај владината зграда. Портпарол на талибанците изјави дека милитантите ја превземаат одговорноста за нападот за кој биле употребени 750 килограми експлозив.
XS
SM
MD
LG