Достапни линкови

Продолжува потрагата по авганистанскиот патнички авион


Денеска продолжува потрагата по авганистанскиот патнички авион за кој се верува дека се урнал во планините во близина на Кабул. Авионот во сопственост на авиокомпанијата „Памир Ервејс“ летал од Кундуз до Кабул со 43 патници и членови на екипажот кога исчезнал во понеделникот. Според се уште неофицијални информации, меѓу патниците имало и шестмина странци. Врнежите од дожд и снег ја отежнуваат потрагата по исчезнатото летало во која се приклучи и авион на НАТО.
XS
SM
MD
LG