Достапни линкови

Позитивна оценка од Брисел за македонската економска програма


Петпристапната економска програма за Македонија 2010-2012, која денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ја презентираше во Брисел пред министрите за финансии на ЕУ, е оценета како позитивна. Министрите за финансии на земјите членки на Унијата оценија дека Македонија многу успешно се справила со светската економска криза, остварувајќи добри резултати во однос на БДП и тековната сметка на платниот биланс. Фискалната политика со задржувањето на низок буџетски дефицит од 2,7 отсто и монетарната политика се оценети за квалитетни и добро дизајнирани за услови на криза. Македонија во 2010 година се очекува да оствари раст од 2 отсто, а во 2011 тој да се зголеми на 3,5 проценти.
XS
SM
MD
LG