Достапни линкови

Фуере: да се најде решение на спорот со Грција до Јуни


Времето што преостанува до јунскиот состанок на министерскиот совет на ЕУ да се искористи максимално од македонската и грчката страна со цел да се интензивираат разговорите за изнаоѓање решение за името. Надеж мора да постои дека решението сепак е можно, изјави денеска евроамбасадорот Ерван Фуере. „Имаме уште еден месец на располагање до состанокот на Советот на министри. Сметам дека ова време треба максимално да се искористи од двете страни за итензивирање на дијалогот и за изнаоѓање на заемно прифатливо решение“, рече Фуере на Скопскиот саем каде во тек е дебата на тема „Борба против невработеноста на младите“, во организација на Европската бизнис асоцијација и Фондацијата „Фридрих Еберт“.
XS
SM
MD
LG