Достапни линкови

Прерано за славење на договорот со Иран


Иранскиот претседател Ахмадинеџад и турскиот премиер Ердоган
Иранскиот претседател Ахмадинеџад и турскиот премиер Ердоган

Се е како веќе еднаш видено: неколку месеци дипломатски напори, ѕвечкање со оружје, инаетлива реторика за на крај да дојде веста за изненадувачки пробив. Станува збор за договорoот дека Иран се согласил да испрати 1200 килограми збогатен ураниум во Турција што треба да ја намали загриженоста дека нуклеарната програма на Техеран е наменета за изградба на атомска бомба.

Се е убаво, освен тоа дека светот беше на ова ниво и претходно. Иран и во октомври минатата година се согласи да испрати ураниум во Франција и Русија за натамошно збогатување што потоа ќе и биде вратен за медицински истражувања во реакторот на Универзитетот во Техеран. Сличен е аранжманот што сега беше објавен во Турција.
Портпаролот на Белата Куќа Роберт Гибс

Со новиот договор Иран се обврзува да пренесе 1.200 килограми на ниско збогатен ураниум во Турција во рок од еден месец. Во замена, за тоа во рок од една година добива 120 килограми на високо збогатен ураниум што ќе се употребува за производство на медицински изотопи.

Но, фактот што исламскиот режим во Иран има стекнато репутација меѓу западните влади на итар дипломатски шахист ги објаснува скептичните реакции на меѓународната заедница кои најдобро се сумираат во изјавите на Вашингтон и на Брисел дека најновиот договор не е целосен одговор на прашањето за нуклеарната програма на Иран.

„Нивниот превоз на ниско збогатен ураниум надвор ќе биде позитивен знак. Тоа би било напредок. Но, предлогот не одговора на неодамнешната најава на Техеран за зголемување на збогатувањето на ураниумот на 20 отсто. Истражувачкиот реактор се користи како директно оправдување за тоа“, вели портпаролот на Белата Куќа Роберт Гибс.

Дури и Русија, некогаш верен сојузник на Иран која веќе го има искористено правото на вето во Советот за безбедност на Обединетите нации за да ги блокираа резолуциите против Иран, одби да се возбудува на ваквите
Нуклеарната криза всушност им служи на интересите на исламските власти за да бидат во можност да ја скршат опозицијата. Ако го извадите ова од равенката тоа значи дека е отстрането едно од националистичките оправдувања за нивната внатрешна политика ...
вести.

„Прашање е дали нивото на оваа операција за размена е доволно. Дали сите членки на меѓународната заедница ќе бидат задоволни? Не знам. Очигледно, постои потреба од дополнителни консултации, со учество на сите кои се дел од овој процес“, изјави рускиот претседател Дмитри Медведев.

За повеќето, договорот посредуван од Турција и Бразил е само уште еден обид на Иран да ги одложи најавените санкции. Тоа веднаш е демантирано од Турција која како членка на НАТО одамна бара улога на посредник меѓу Иран и Западот.

„Сега имаме договорено временска рамка. Имаме нешто потпишано“, велат во турското министерство за надворешни работи.

Тоа претставува значителен политички ризик за Ердоган, кој предходно ги вознемири западните сојузници на Турција со својот отворен критики на Израел и со опишување иранскиот претседател Ахмадинеџад како пријател.

Има и такви кои веќе изразија сомневање дека станува збор за тактички маневар на Иран со намера да го скрши кревкото единство во врска со четвртата резолуција за санкции што сега постои меѓу петте постојни членки на Советот.

Професор Али Ансари, директор на Институтот за ирански студии во Универзитетот Сент Ендрјус во Шкотска, оценува дека има и други причини за скептицизам. Според него, евентуалната нуклеарна спогодба парадоксално не им е од корист на иранските власти кои со тоа губат една важна причина за справување со опозицијата: заканата за националната безбедност.

„Нуклеарната криза всушност им служи на нивните интереси да бидат во можност да ја скршат опозицијата. Ако го извадите ова од равенката тоа значи дека е отстрането едно од националистичките оправдувања за нивната внатрешна политика.“
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG