Достапни линкови

Офицер на АРМ приведен за грабеж на банка


Полицијата вчера привела еден припадник на АРМ осомничен за извршување на грабежот на Комерцијална банка, јавува МИА. Полицијата се сомнева дека истиот припадник на АРМ е одговорен и за друг оружен грабеж на банка. Приведениот, кој има чин во армијата, е осомничен дека на 8 април во експозитура на Комерцијална банка во Кисела вода со пиштол ги принудил вработените да му го предадат дневниот пазар. Беа украдени околу три илјади евра.
XS
SM
MD
LG