Достапни линкови

Ситуацијата на Косово стабилна, но потенцијално кревка


Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа го разгледуваше тримесечниот извештај за работата на УНМИК на Косово. Шефот на мисијата Ламберто Заниер оцени дека ситуацијата на Косово и натаму е стабилна, но и потенцијално кревка.,,Недостигот на помирување меѓу заедниците и натаму е предизвик кој е интензивиран со економските тешкотии,, изјави тој. Шефот на косовската дипломатија Скендер Хисени ја обвини Србија за дестабилизација на состојбата на северот на Косово, но изрази подготвеност за разговори за нормализација на односите со Белград. Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ додаде дека Србија не поставува услови за разговор за сите прашања, вклучувајќи го и стаусот на Косово. Членките на Советот апелираа на соработка на двете страни и на нивно учество на регионалните состаноци.
XS
SM
MD
LG