Достапни линкови

Нимиц се уште не закажал нова средба со преговарачите


Се уште не е закажан термин за нова средба на посредникот на ОН во спорот за името , Метју Нимиц со преговарачите на Македонија, Зоран Јолевски и на Грција Адемантиос Василакис, соопшти Ари Гаитанис, помошник на портпаролот на Генералниот секретар на ОН. Посредникот Нимиц бил во постојан контакт со двете страни од последните средби во Њујорк, одржани на крајот на април, но се уште не го одредил терминот за нова средба, се вели во писмената изјава на Гаитанис. Соопштението од ОН , следува по информациите дека се очекува нов предлог од медијаторот Нимиц до крајот на месецот.
XS
SM
MD
LG