Достапни линкови

Коњановски во посета на седиштето на НАТО, во Брисел


Министерот за одбрана на Македонија, Зоран Коњановски денеска ја започнува дводневната посета на Седиштето на НАТО во Брисел. Како што наведуваат од неговиот кабинет, посетата на Белгија министерот ќе ја искористи да се сретне со високи претставници на НАТО и амбасадори на земјите членки на НАТО. Утре министерот Коњановски во Седиштето на НАТО ќе одржи презентација на тема „ Република Македонија на патот кон членство во НАТО и нејзиниот придонес кон глобалата безбедност, мир и стабилност“ .
XS
SM
MD
LG