Достапни линкови

logo-print

ЕУ и Латинска Америка ќе формираат најголема трговска зона?


Европската унија и Латинска Америка ќе разговараат за создавање на голема слободна трговска зона во која ќе бидат вклучени 800 милиони луѓе. Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо на отварањето на самитот на ЕУ, Латинска Америка и Карибите, изјавил дека разговорите биле насочени кон создавање на една од најголемите слободни зони во светот. Претседателот на ЕУ, Херман Ван Ромпуј изјавил дека проектот има огромен економски потенцијал. Преговорите за слободна трговска зона беа стопирани во 2004, но Ромпуј најавил дека преговорите ќе бидат обновени во текот на првата недела на јули.
XS
SM
MD
LG