Достапни линкови

Србија ќе ги одмрзне платите на јавната администрација


Претставници на Меѓународниот монетарен фонд денеска се согласија со српските власти дека платите на јавната администрација и пензиите треба да се одмрзнат, со цел да се зголеми потрошувачката и да се намалат социјалните немири. Ланското замрзнување на платите во Србија беше еден од потребните предуслови за земјата да склучи аранжман со Фондот вреден 3,58 милијарди американски долари. Претставници на ММФ од денеска се во двонеделна посета на Србија со цел проценување на напредокот на земјата во справувањето со негативните ефекти од светската економска и финансиска криза.
XS
SM
MD
LG