Достапни линкови

Динамиката на преговорите за името се одвива споро


Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере

Амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере со оценка дека динамиката на преговорите за спорот со името се одвива споро. Тој, сепак, вели дека желба на ЕУ е да се најде решение до крајот на шпанското претседателство со Унијата односно до јуни. Тој ја посочува и потребата од продолжување на реформите.

Динамиката на преговорите за спорот со името меѓу Грција и Македонија не се одвива со планираното темпо, но ние се уште се надеваме дека ќе биде пронајдено решение до јуни, кога ќе се одржи министерскиот состанок во Брисел, при крајот на шпанското претседателство со Европската Унија. Ова го изјави евроамбасадорот Ерван Фуере за време на неговото предавање на еден од приватните универзитети на прашањето на студентите што ќе биде со Македонија доколку не се реши спорот до наредниот месец, како што се очекува.
Ако има шанса за прогрес во овој месец што останува, тогаш ние можеме да видиме позитивна одлука во јуни, но за жал ритамот на преговорите не се одвива како што сакавме.


„Ако има шанса за прогрес во овој месец што останува, тогаш ние можеме да видиме позитивна одлука во јуни, но за жал ритамот на преговорите не се одвива како што сакавме. Има сеуште време и ние се надеваме дека двете страни ќе ги направат сите напори да најдат решение за Македонија да продолжи напред. Ова е нашата желба и мора да се продолжи да се работи на неа.“

Освен спорот со името, од витално значење за евроинтеграцијата на земјата според Фуере е и спроведувањето на реформите, кои бележат назадување во однос на минатата година, кога Македонија доби позитивен извештај од Европската Комисија. Владата мора да покаже водство во посветеноста на целта, ако сака резултати. Потребни се реформи во судството, во борбата против корупцијата и во администрацијата, но најважен е политичкиот дијалог кој недостасува на важни теми за граѓаните, како проектот Скопје 2014 година за кој немаше дебата, вели Фуере.

ЕУ Инфо центар во Скопје


„Јас мислам ако ги прашавме Даме Груев и Гоце Делчев дали би сакале нивни статуи како седат на коњ на главниот плоштад, тие би одговориле прво прашајте ги граѓаните што мислат. Мора да има поголем дијалог и транспаретност кој ќе ги натера лидерите и партиите да бидат поодговорни во донесувањето одлуки.“

Проблематични за Фуере се и законот за води и антидискриминација кои не го рефлектираат она што го бара унијата и одаваат впечаток дека Македонија не сака да ги слуша пријателите, кои сакаат да и помогнат. Македонија нема иднина без Европската унија вели Фуере, но во моментов таа се движи два чекори напред, еден назад.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG