Достапни линкови

Медведев: Се надевам дека можеме да почнеме одново


Се надевам дека ќе можеме да почнеме одново. Зборувам за неколку тешки работи во нашите односи во изминативе години, ијави рускиот претседател Димитриј Медведев по едночасовната средба со неговиот украински колега Виктор Јанукович. Двајцата лидери денеска би трребало заедно да претседаваат со состанокот на руско – украинската комисија а предвидено е и потпишување на неколку билатерални договори во врска со демаркацијата на границите меѓу двете земји и нуклеарна соработка. Односите меѓу Русија и Украина се заострија откако Јанукович и Медведев потпишаа договор согласно кој на руската флота и` се продолжува престојот на украинска територија во замена за поефтин руски гас. Договорот предизвика протести а украинската опозиција го нарече документот продажба на националните интереси.
XS
SM
MD
LG