Достапни линкови

Протести на прилепските тутунари


Протести на тутунопроизводителите од прилепскиот регион

Протести на тутунопроизводителите од прилепскиот регион

Незадоволни од неипсплатата на премијата од ланската реколта, тутунарите од прилепскиот регион протестираа пред подрачната едница на Министерството за земјоделство. Според пресметките, прилепските тутунари треба да добијат повеќе од 21 милиони евра премија, за предадените 22 милиони килограми тутун од ланската реколта.

Жарко Момироски, тутунопроизводител од прилепското село Врбјани од 5 часот чекал да се отвори вратата на филијалата на Тутунска банка, за да ги подигне парите од ветената премија од 60 денари, за секој предаден килограм тутун. Но, пари не добил, па сега не знае како ќе врзи крај со крај, како ќе ги плати долговите за струја, трошоците за новата реколта, како ќе преживее неговото 4 члено семејство.
Пред месец дена шетаа 10 министри и пратеници по селава, рекоа на 25-ти април премија ќе има сигурно. Пред банка чекаа луѓе сабајлето,
премија нема.


„Пред месец дена шетаа 10 министри и пратеници по селава, рекоа на 25-ти април премија ќе има сигурно. Пред банка чекаа луѓе сабајлето, премија нема. Сега рекоа 17-ти. Сабајле уште во четири, во три и пол часот луѓе, јас во пет часот дојдов. Чекај, чекај осум часот, премија нема ни рекоа.“

Прилепските тутунари се чувствуваат изневрени од Владата. Незадоволни зашто ветувањата не се исполнија тие протестираа пред општинската зграда и во подрачната единица на Министерството за земјоделство.

„Не веруваме ништо, како ќе веруваш. Стално најавуваат, сега ќе има после ќе има.“

„И со нас си играат, како Влада треба тие да решат за овој народ да му се пуштат пари. Ниви неорани, треба ѓубре, треба ние да се
И со нас си играат, како Влада треба тие да решат за овој народ да му се пуштат пари. Ниви не орани, треба ѓубре, треба ние да се храниме, а тие што прават со нас, денеска ќе ја пуштиме, утре ќе ја пуштиме.
храниме, а тие што прават со нас, денеска ќе ја пуштиме, утре ќе ја пуштиме“, се жалат Трајче Мискоски од Обршани и Сафет Асаноски од Прилеп.

Тие живеат исклучиво од тутунопроизводство, како и Менка Стојческа која премијата за три декари тутун од ланската реколта веќе ја испланирала до денар. Во нејзиното семејство никој не е вработен. Ако не им се исплати ветената премија, вели таа ќе страдаат за леб.

Прилеп


„Пари немаме сега и леб да јадеме. Што е ова што работат, што си играат со нас. Ни на работа сме, ни некој, сите дома сме,и секој ден овде идиме, ќе се молиме за пари.“

Ниту во подрачната единица на Министерството за земјоделство, нема точен одговор кога ќе им биде исплатена премијата на тутунопроизводителите.

„Ќе се исплатат тие пари само накнадно ќе бидат информирани граѓаните за субвенциите за тутунот“, вели, Коста Дурланов началник на подрачната единица.

Тутунарите, незадоволни од овој одговор, најавуваат дека ќе одат во Скопје.

„Се заминува во Скопје, во платежната Агенција заедно со повеќе од тутунарите и да видиме таму каде е застојот“, вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија на Македонија.

Според пресметките прилепските тутунари треба да добијат повеќе од 21 милиони евра премија, за предадените 22 милиони килограми тутун од ланската реколта.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG