Достапни линкови

Делумно сопрен истекот на нафта во Мексиканскиот Залив


Одводната цевка, која „Бритиш Петролеум“ ја прикачи на пукнатиот нафтен одвод под водите на мексиканскиот залив делумно го реши проблемот, бидејки испумпува само една петина од вкупната количина нафта која истекува во заливот. Претставникот на компанијата Даг Сателс изјави дека преку одводната цевка која беше прикачена денеска се испумпуваат илјада од вообичаените пет илјади барели нафта дневно. Ова е прв знак на напредок во санирањето на штетата по речиси три недели. Претходните два обиди за спречување на истекот на нафта во заливот беа неуспешни.
XS
SM
MD
LG