Достапни линкови

logo-print

ЦЕФТА е генерално поволен за Македонија


Ефектите од примената на Централно европски договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006) за Македонија генерално се позитивни, но бенифитот ќе биде поголем доколку се отстранат нетарифните бариери во регионот, оцени денеска Љубица Нури, раководотел на сектор во Стопанската комора на Македонија, сумирајќи ги досегашните ефекти од имлементацијата на ЦЕФТА. Македонија во првиот квартал од годинава бележи раст во трговската размена со земјите од ЦЕФТА, по минатогодишниот значителен пад како резултат на светската економска криза. Нетарифните бариери се уште се проблем, но земјите членки во јуни на седницата на секретаријатот на ЦЕФТА во Загреб, ќе добијат задача да ги елиминираат.
XS
SM
MD
LG