Достапни линкови

Фуере: Да, животот не е фер, но потребно е решение на спорот со името


Иако има само еден месец до 17 јуни, кога треба да се одржи министерскиот состанок на Европската унија во Брисел, се надеваме дека има шанса за решавање на прашањето со името. Во меѓувреме треба да продолжат реформите, изјави денеска евроамбасадорот Ерван Фуере. Септемвриската порака од Советот на министри и ЕК беше јасна. Да, животот не е фер но реалноста е дека е потребен некаков консензус - решение за спорот, рече Фуере. Македонија треба да го следи позитивниот дух на исполнување на реформите од минатата година, порача евроамбасадорот, кој тврди дека Македонија од јануари годинава заостанува во реформскиот процес.
XS
SM
MD
LG