Достапни линкови

Најавени нови билатерални договори меѓу Русија и Украина


Рускиот претседател Димитриј Медведев денеска почна дводневна посета на Украина. Цел на посетата е подобрување на односите меѓу двете земји. Минатиот месец Медведев и неговиот украински колега Виктор Јанукович потпишаа договор согласно кој на руската флота и се продолжува престојот на украинска територија во замена за поефтин руски гас. Украинската опозиција го осуди договорот, нарекувајки го „продавање на државните интереси“. Јанукович и Медведев денеска би требало да потпишат повеќе нови договори, вклучувајки и документи за демаркација на границата и нуклеарна соработка.
XS
SM
MD
LG