Достапни линкови

Половина од жителите на Македонија возат автомобил


Близу половина од жителите на Македонија возат автомобил, најмногу тие на возраст од 35 до 44 година, а најмалку постарите од 65 години. Истражувањето на „ГФК“ за користење на автомобилот, покажало дека 44 отсто од Македонците користат автомобил. Мажите возат значително повеќе 63 отсто, а жените 26 отсто. Дванаесет проценти од граѓаните се изјасниле дека годинава размислуваат да купат автомобил. Истражувањето е спроведено во април годинава на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници на возраст над 15 години.
XS
SM
MD
LG